Лажен бајач измамил повозрасна жена: Ѝ го земал целиот накит и лажел дека го закопал во дворот

На 07.07.2021 во 15.00 часот во Полициска станица Карпош, 68-годишна жена од Скопје пријавила дека во текот на јуни 2021 во нејзиниот дом на подрачјето на Карпош дошол М.Ш. кој ја довел во заблуда, претставувајќи се како бајач, при што пријавителката на 30.06.2021 на М.Ш. му дала златен накит кој наводно го закопал во нејзиниот двор.

Според пријавеното, откако пријавителката се посомневала, на наведеното место не нашла ништо и сфатила дека е измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.