Лахмаџун, ќебапчиња, шприцер...На ова место во Скопје се подготвуваат највкусните јадења (фото)

Доколку се решите за прошетка низ чаршијата нема да погрешите. Ваше е само да си ги замислите најубавите вкусови на светот и да тргнете кон Старата Скопска чаршија. Таа беспрекорно ви нуди низа прекрасни јадења и напитоци од почеток до крај. Досега невиден сплет на мириси, зачини и вкусови кои искрснуваат од секое можно сокаче на чаршијата.

Лахмаџунот     

Седнувате и неможете да дочекате да ви го донесат. Никако не смеете да го заборавите и напитокот кој совршено се сложува со „Лахмаџунот“, Ајранот. Подобра комбинација од хамбургер и Кока Кола.

Станува збор за единствениот и неповторлив специјалитет кој се состои од тенок слој тесто на кое се наоѓаат меленото месо, кромидот и милион и еден зачин за кој не сте чуле. Не сакајќи да биде премногу обичен , истиот се служи одозгора со марула и лимон како совршени додатоци при јадењето. Меѓутоа ова и воопшто не ви дозволува да го објасните, пробајте го !

Бурек, симит погача и ѓевреци

На секој ќош има по некоја пекар која ги пече најдобрите пецива.Откако попатно изедовте по некој ѓеврек и симит погача, свесни сте дека ве фатило време за ручек.

Ќебапчиња

Мал милион на ќебапчиња се вртат пред вас на единствената скара на Дестан. А кромидот го спрема госпоѓата која со насолзени очи ви се насмевнува и ве повикува да влезете на по една „10 ка“. И вам толку ви треба. Одеднаш се наоѓате на верандата со грижа на совеста за тоа колку кила ставивте денес. Мирисот ве прави толку спокојни што по „10ката“ не се грижите повеќе за ништо. А и како да се грижите кога знаете дека седите во најпрочуената ќебапчилница во Скопје која слави повеќе од 100 години.

„Шприцер“

Ја завршувате вкусната авантура и тргнувате по нови предизвици во сокаците. Сеуште сте „гладни“ за нови. Тогаш се сеќавате дека сте толку жедни што неможете да подголтнете. Продолжувате понатаму на неколку чекори пред вас се појавува извонредно жолта лимонада со пријателките, боровницата и бозата. Перфектен начин да ја згасите жедта. Ваше е само да посакате.

Откако ја земавте добитната комбинација, т.н „шприцер“, со боја на боровинка, размислувате што да однесете на домашните кои не се покрај вас кога ја вкусувате чаршијата. Во бело ќесе ги добивате најшарените бонони на светот кои некогаш сте си ги замислиле.

Откако се нахранивте со највкусната ф’стак баклава веќе мислите дека дошол крајот на денот. Меѓутоа некако се чувствувате празни…Нешто фали во целава оваа идила.

Турски чај!

Седнувате во најубавата чајчилница на ќошот на сокачето и го нарачувате најмистичниот турски чај со што повеќе шеќер во него. Ја земате првата голтка и го чувствувате срцето во грло. После втората чашка, веќе не чувствувате ништо. Го нема заморот од напорниот ден, ни пулсот во нозете од прошетката, ни маката во стомакот од богатиот ден.

Зад себе оставате еден цел ден исполнет со магични вкусови кои сакате да ви станат ритуал. Велите дека ќе го повторувате ова секоја недела, со пријателите, домашните, љубовта…