Кумановец искршил инвентар на бензинска станица

Млад кумановец „дивеел“ на бензинска пумпа во градот. 

Како што соопшти полицијата, вчера во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.Д. (27) од Куманово затоа што на бензинска пумпа на улицата „Доне Божинов“ во Куманово се однесувал агресивно и оштетил дел од инвентарот.

С.Д. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.