Се судрија „голф“ и мопед - две лица повредени во сообраќајка во Куманово

Две лица се повредени во сообраќајка што се случила вчера во Куманово. 

- На 07.04.2024 во 15.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на ул.„11 Ноември“ во Куманово, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед „априлија“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од М.Р.(19) од Куманово и патничко возило „голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ф.З.(22) од с.Слупчане, општина Липково. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и неговиот сопатник Х.Љ.(19) од Куманово, констатирани во Општата болница Куманово, информираше полицијата. 

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.