Сообраќајка кај наплатната рампа кај Градско, неколку лица се повредени

На стариот реконструиран пат Градско-Велес на стотина метри кај наплатната рампа кај Градско, синоќа во 22 часот се случи сообраќајна незгода, меѓу две возила.

Во сообраќајката има четворица полесно повредени, подврдија за МИА од полициската екипа на СВР Велес кои направи увид на местото на настанот.

Се очекуваат повеќе детали од МВР.