Млад мотоциклист настрада во сообраќајка во Радовиш

 

27-годишно момче е тешко повредено во сообраќајка во Радовиш.

- На 26.04.2024 во 17.00 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на улица „Калаузлиска“ во Радовиш, мотоцикл управуван од М.Д.(27) од Радовиш излетал од патот и удрил во паркирано патничко возило „пежо“ со радовишки регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, констатирани во Медицински центар Штип, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Радовиш, информираа денеска од полицијата.