Во период од една година отпишани вкупно 40 дечиња од основните и средните училишта во Кавадарци

Продолжува отпишувањата на дечињата од основните и средните училишта низ Македонија. Главните причини за овој масовен тренд се заминувањата на родителите надвор од Македонија во потрага по подобар живот за нив и нивните дечиња.

Ваквиот тренд не го одмина ни Кавадарци каде во период од една година вкупно од таа општина се отпишани 40 дечиња. Овие податоци за МИА ги потврди Зорка Вчкова раководител на сектор за образование и спорт при кавадаречката локална самоуправа.

Од Јануари 2023 до јануари 2024 година, отпишани се 37 ученици од основно и три ученика од средно образование, појасни таа и додаде дека не сметајќи ги отпишаните, во моментов во општината има 3.092 ученици во основно училиште и 1.419 средношколци.