Ковачевски: Добро е што има најмалку две коалиции кои се залагаат за брза интеграција на Македонија во ЕУ и коишто ќе издвојуваат победа

Одлука на политичките органи на политичките партии е за тоа дали ќе се оди со некого на избори или ќе има постизборна коалиција-ваков беше одговорот на претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски откако беше прашан зошто не коалицираат со ДУИ во таканаречениот Европски фронт.

„Утре колку што знам дел од политичките партии во државата ќе потпишат коалициски договор, што имаат една заедничка работа а тоа е брза интеграција на Северна Македонија во ЕУ. Од друга страна партијата што ги направи најдобрите резултати во делот на европската интеграција и зачленувањето во НАТО, а тоа е СДСМ исто така има коалиција која што се залага за европски и евроатлански интеграции“ рече Ковачевски

Ковачевски додаде дека таква коалиција веќе тие имаат и дека сите нивни коалициски партнери го подржале нивниот претседателски кандидат Стево Пендаровски.

„Добро е што во државата ќе има најмалку две коалиции кои се залагаат за брза интеграција на Северна Македонија во ЕУ и коишто ќе извојуваат победа со што Северна Македонија непречено ќе го продолжи својот пат во европските интеграции кои се клучното стратешко прашање за нас и од кое заврши унапредувањето на многу процеси во државата“, рече претседателот на СДСМ