Партиски собир во клубот на пратеници

Со партиски собир во клубот на пратеници СДСМ прославува четири години членство во НАТО. Од фотографијата што ја објави претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски можат да се забележат дека покрај претседателот на Собранието Јован Митрески, на масата се и Радмила Шеќеринска, Владо Бучковски како и Зоран Заев

“Во пресрет на одбележување на годишнината од членството во НАТО, ми беше чест што со претседателот на Собранието Јован Митрески, со поранешните премиери, поранешната министерка за одбрана Радмила Шеќеринска, како и со поранешните пратеници, амбасадори, но и носители на високи државни функции, имавме можност разговаравме за придонесот на секој од нас во реализацијата на целиот процес, за придобивките од членството, како и за позицијата на Северна Македонија како членка на НАТО.

Денес, нашата држава е фактор за стабилност во регионот и пошироко. Безбедносната стабилност носи економски просперитет, а странските инвеститори ја препознаваат Северна Македонија како сигурно место за вложувања. Тоа значи подобри работни места за нашите граѓани, повисоки плати и раст на животниот стандард’ напиша Ковачевски

Тој притоа дополни дека НАТО беше првата стратешка цел која сме успеале да ја исполниме и со новата победа на 8 мај, проевропската Влада на СДСМ и коалицијата ќе ја исполнат и втората стратешка цел, Северна Македонија горда членка на Европската Унија стои во објавата на Ковачевски.