Кој дозволува кејот да стане паркиралиште?

Ова е фотографија сликана денес на која може да се забележат десетици возила кои се паркирани веднаш испод мостот Гоце Делчев на градскиот кеј. Ова не е прв пат возила да бидат паркирани на истото место. Ваква слика може да се забележи со години наназад, каде со ваквото паркирање неповратно се уништуваат плочките кои се поставени се со цел граѓаните да го искористат кејот за оришетка но очигледно некој му нашол друга примена.

Со оглед дека зонското паркирање се прошири и на другата страна на Вардар, тука говориме за потегот кај управната зграда на „Водовод и канализација“ досетливите граѓани се решиле дека единствено бесплатно место за паркирање е на самиот кеј веднаш испод мостот Гоце Делчев, и ваката ситуација трае и трае со години. До Град Скопје како надлежни за кејот не се ни трудиме да им го поставиме прашањето што планираат да превземат во врска со ова зошто и онака нема да одговорат на било какво прашање, како и досега што не одговориле на ниту едно прашање, па оттука логично сакаме да поставиме јавно прашање: Кој тоа дозволува кејот да стане паркиралиште?