Кога најмногу се гине на патиштата во Македонија?

Во 2016 година вкупно 165 лица го загубиле животот во сообраќајни незгоди - ваква бројки покажува сообраќајната статистика на Министерството за внатрешни работи. Најголем број од сообраќајните незгоди се случиле во Скопје, потоа втор е Тетово, па Куманово.

Тоа што е интересно од сообраќајната статистика е дека на патиштата во Република Македонија најмогу се гине во петок, додека попладневните часови се период од денот со најмногу сообраќајни незгоди. Според анализите најголем дел од сообраќајните незгоди, скоро 15 % се случиле во периодот помеѓу 14 и 16 часот.

Ако се направи споредба по месеци, тогаш јули дефинитивно води според бројката на сообраќајни незгоди. Високите температури, летните одмори и возењето без одмор е причината за оваа бројка.

Најразична категорија учесници во сообраќајот се возачите на возраст од 25 до 40 години кои со 32% учествуваат во бројот на повредени лица и со 24% проценти во бројот на загинати лица.