Ќе добие уште две ленти: Започна реконструкцијата на “Пластичарска”

Град Скопје започна со првата фаза од реконструкцијата и проширување на булеварот „Никола Карев“ или попозната како Пластичарска улица. Ова може да се види од фотографиите што на фејсбук ги објави градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

Како што информира од Градот, предвидена е целосна реконструкција и проширување на коловозот на потег од клучката „Детелинка“ до улицата кај влезот на касарната „Илинден“, во вкупна должина од 1.440 метри. На овој потег ќе се добијат четири сообраќајни летни, пешачки и велосипедски патеки, а на делови и разделно зеленило.

Булеварот ќе добие ново осветлување со канделабри во висина од 9 метри, како и дислокација на електрични и телекомуникациски инсталации. Со овој проект е предвидена и поставување на нова атмосферска канализација со променлив профил,  во вкупна должина од 2.162 метри, како и водоводна мрежа на двата крака, во вкупна должина од 2.552 метри.