Оваа торта се прави брзо и лесно. Можете да ја направите на неколку начини. Еве еде од нив.
Состојки:
100 чоколадо за готвење
100 г млечно чоколадо
1 кг бисквити
250 г шеќер
125 г путер
300 г желе бонбони
200 г ореви сечкани
1 л млеко
100 г суво грозје или чоколадни бананчиња
2 ванилин шеќер
2 лажички рум (по желба)
Припрема:
Искршетеги бисквитите и ставете ги во длабок сад. Млекото, маргаринот, двете врсти на чоколадо, шеќерот и ванилиниот шеќер ставете ги во тенџере. Потоа ставете го на шпорет и мешајте додека состојките не се соединат, а млекото не врие. Пред да го тргнете тенџерето од шпоретот, додадете две лажици рум. Готовата смеса за касато тортата ставете ја врз искршените бисквити и додајте исецкани желе бомбони, ореви и чоколадни бананчиња, суво грозје. Мешајте додека бисквитите не се соединат со смесата за торта. Смесата ставете ја во калап за торта и оставете ја да се лади во фрижидер. Откако ќе ја извадите можете да и ставите шлаг, чоколадо и ореви или кокос. Изборот е ваш.
Добар апетит!