„Каков автогол си даде Бујар“ - Нели се подобрил животот?

Уште еден „твитерџија“ го „подбра“ министерот Бујар Османи! 

По неговата изјава за тоа дека не може да го преживее месецот ако не земе плата, му порачаа дека сам себе се демантира!

- Каков автогол си даде Бујар. Цело време викаат дека се подобрил животот и баш пред избори рече дека со над 2.000 евра плус со службено возило, службен телефон, ручеци... на крај на месец си нула на нула. Ами што да речат тие семејства со 20.000 денари, порача еден корисник на платформата „X“.