Бујар Османи за својата плата: Еден месец ако не земам, мора да се задолжам за да преживеам

Министерот за надворешни работи и потенцијален кандидат за претседател Бујар Османи во подкастот на „Плусинфо“ говореше за финансиката состојба и за тоа колку му е важна платата што ја добива.

- Пријателите се смеат кога им кажувам дека ако еден месец не добијам плата јас ќе треба да се задолжам.Тие ми велат нема шанси, толку години функционер, но ви кажувам најискрено дека ако еден месец да не ми стигне плата јас ќе мора да се задолжам за да преживеам.