Како не ви е срам, уште и нутриционист изигрувате, му порачаа револтирани граѓани на Битиќи

Иронични коментари, навреди и неубави желби собра вицепремиерот Фатмир Битиќи од граѓаните револтиани од новото поскапување на цените. 

Чипсот и сладоледот поскапуваат оти се нездрави за луѓето, рече Битиќи вчера, а граѓаните „на нож“ да дочекаа оваа негова изјава. 

Велат и така се револтирани од стандардот, а дополнително, како што порача, им креваат притисок бесрамни политичари со небулозни изјави. 

- Како не ви е срам, уште и нутриционист изигрувате, паметувате што е здраво, што нездраво. Сиктер таму - му порача една скопјанка на вицепремиерот. 

Ова се дел од другите пораки кои граѓаните му ги упатија на Битиќи: 

- А зошто тогаш и овошјето и зеленчукот се со високи цени, да не се и тие нездрави?

- Најголеми се цените на храната, млеко, јајца, месо, сирења разни, а тие се основата на исхраната во секое домаќинство. 

- Целта е дополнителен арач од 70 - 100 милиони евра во Буџетот, бидејќи е празен од што премногу крадете.

- И Вие сте категорија на нездрави прозиводи па сепак ја газите оваа убава земја.