Како да се храните кога градот е загаден - Одговор дава нутриционистката Коруновска

Исхраната може да го редуцира негативниот ефект од аерозагадувањето во градовите. 

Според нутриционистката Симона Коруновска, исхраната може да ви биде сојзуник во борбата против загаденуот воздух кога станува збор за грижата за сопственото здравје. 

- Секоја година традиционално спаѓаме во најзагадените држави на светот. Носиме маски, имаме прочистувачи на воздух, но на крајот од денот останува нашите тела да се изборат со слободните радикали. Според последните истражувања, правилната исхрана може да ви помогне во оваа борба со загадениот воздух, вели Коруновска. 

Таа сподели и предлог намирници кои се одлични за оваа намена. 

На менито на нутритивни намирници кои се решение за воздушното загадување Коруновска ги стави: жолчката од јајце, млекото, печурките, масните риби, јатките, и нормално зеленчукот и овошјето. 

На нејзиниот Инстаграм пост ова е убаво објаснето!