„Каде ќе ти оди душата“, дете прегазија пред „Јан Амос Коменски“ - Скопјанка го обвини Јакимовски за несреќата

Скопјанка го искажа својот револт кон градоначалникот на скопската општина Карпош. Пред малку, таа на својот фејсбук профил, објави дека 11-годишно дете е прегазено пред основното училиште „Јан Амос Коменски“, а како виновник го посочи токму Стевчо Јакимовски.

- Стевче Јакимовски е убиец на општина Карпош, профитер за лични интереси... Денес на 60 години од прославата на „Јан Амос Коменски“, пред школо дете згазија на „Варшавска“. Да, дете 11-годишно, од „Коменски“ од Карпош. Соученик, другар, наше дете, на сите што живееме во Карпош, ама не... Ти не си човек, ти немаш обзир доколку немаш профит и интерес очигледно, вели таа во својата објава. 

- Пред извесно време те сретнав и лично ти кажав колку брзо се вози, колку е опасна улицата „Варшавска“, школо има, градинка има, нема лежечки полицајци, нема пешачки премини на „Хаванска“ и „Виенска“, нема место каде пешаците да поминат, велосипедистоте.  Те молев да превземеш нешто,за нашите деца, но не, ти си нем на нашите барања. Нема прпофит тука, па нека гинат луѓе 

Срам да ти е не знам каде ќе ти оди душата, напиша видно потресената и револтирана скопјанка за овој немил настан и апатијата на Јакимовски.