Јовановски и Трајановски на средба со театарските и филмските уметници

Кандидатите за градоначалник на Општина Центар, Дејан Јовановски и град Скопје, Коце Трајановски денес остварија средба со истакнати македонски театарски и филмски уметници од Скопје.

-Со оглед на зголемената туристичка посета н градот, на средбата беше потенцирана потребата за дополнителни напори од општината и град Скопје во насока на зголемување на културната понуда на градот и општината. Кандидатите за градоначалници ги потврдија своите заложби за поддршка на независната културна сцена во градот, која би донела двоен бенефит- и за граѓаните на Скопје и за добронамерниците, туристи и посетители. Притоа, особено значење и беше посветено на живата уметност. Средбата се одржа во исклучително срдечна, пријателска и конструктивна атмосфера, објавено е на официјалната страна на Јовановски.