Исчезна двегодишно девојче во околината на Бор, Србија – го бараат 2000 луѓе

Сеуште трае потрагата по двегодишното девојче, кое исчезна вчера околу 13.45 часот во приградската населба Бањско Поле, недалеку од Бор во Србија.

Мајката раскажала како Данка исчезнала додека одела да му даде вода на постарото дете. Се свртев да му дадам вода на другото дете и кога повторно погледнав – ја немаше“, раскажала преплашената мајка за „Телеграф“.

Тоа во моментот на исчезнувањето носело виолетови панталони и маслинесто-зелена јакна.

Веста како пожар се рашири низ цела Србија па во потрагата се вклучија војската, полоцијата, кучиња трагачи, граѓани со една цел да го најдат малото девојче. За прв пат во Србија беше активиран системот за алармирање „Најди ме“ со кој информацијата за исчезнатото девојче беше проследена преку СМС до сите граѓани на Србија.

На приодот кон Бањско Поље се поставени пунктови на кои полицијата врши преглед на возилата, јавува „Танјуг“. Проверени се сите напуштени објекти на тоа место, а сослушани се и сите лица што претходно имале проблеми со законот.

Претседателот на српскиот центар за исчезнати и малтретирани деца (ЦНЗД), Игор Јуриќ, за „Танјуг“ изјави дека „една минута е многу важна“ во случајот со исчезнатите деца.

„Важно е луѓето што ја примиле пораката, особено оние што се во околината на Бор, да се активираат и да ги споделат сите информации со полицијата затоа што секоја информација е важна сега и може да биде спасоносна. Затоа, не двоумете се, дури и ако не сте целосно сигурни, подобро е да го споделите тоа со полицијата“, рече Јуриќ.

„Јавете се на 192. Следете ги вестите. Исчезна дете во Бор“, стои во пораката прикажана на автопатите.

Градоначалникот на Бор, Александар Миликиќ, изјави дека во текот на првиот ден во потрагата учествувале повеќе од 350 лица, за сега таа бројка да достигне 2000 лица.

„Тоа е приградска населба, која има и многу тежок терен. Има шуми и потоци. На самиот крај од тоа место се случи исчезнувањето на нашиот мал сограѓанин“, изјави Миликиќ.

Околу еден час по полноќ почна да врне силен дожд во околината, што ја отежна потрагата. Температурите се ниски. Пред куќата на исчезнатото девојче синоќа се собраа голем број луѓе, а местото на настанот го чуваше полициски кордон.