Полицискиот синдикат му поднесе кривична пријава на Оливер Спасовски и други три лица за несовесно работење

Синдикатот на Полиција во Македонија до ОЈОГОКК поднесе кривична пријава против лицето О.С.- поранешен Министер за внатрешни работи и против други три лица членови на дисциплинска комисија за утврдување на дисциплинска одговорност при СВР Штип заради основано сомнение дека сите заедно сториле кривично дело “Несовесно работење во службата“ предвидено по член 353-в став 5 од Кривичен законик.

Пријавата се однесува поради пречекорување на своите овласувања при управна постапка со пропуштање на должен надзор несовесно постапувале во вршењето на своите овластувања и должности и со тоа на оштетените Б.Д и Е.Д. им нанеле материјална штета.

Пријавените иако требало и биле должни да постапуваат согласно закон, истите постапувајќи спротивно на член 196 став 3 од Законот за внатрешни работи, ги пречекориле границите на своите овластувања постапувајќи спротивно на член 196 став 3 од ЗВР од моментот при спроведување и одржување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност па се до изрекување на решение на

Министерот за внатрешни работи со што иако биле свесни и должни да ја прекинат постапката заради настаната апсолутна застареност истите продолжиле се до донесеното незаконско решение.