Тажни вести од Србија, убиена е малата Данка за која на нозе се крена целиот регион

На вонредна седница на Владата на Србија, претседателот Александар Вучиќ објави дека малата Данка е убиена од страна на две лица кои се уапсени од страна на полицијата и кои го признале делото. Српскиот претседател овие лица ги нарече чудовишта пренесуваат српските медиуми

„Имаме лоши вести за ова наше дете, полицијата уапси две лица кои ја убија малата Данка и тие го признаа ова злосторство. А сега ги носат на местото на убиството… Со какви чудовишта си имаме работа“ изјави српскиот претседател Александар Вучиќ.