Арсовска не дозволи организација на митинг на Плоштадот Македонија

Коалицијата ВРЕДИ обвини дека скопската градоначалничка, Данела Арсовска, не им дозволила да го организираат централниот митинг на Плоштадот Македонија во Скопје, пренесува Телма.

Нивното барање било митингот да се одржи на скопскиот плоштад денеска.

Од ВРЕДИ тврдат дека тоа е сторено поради страв од, како што велат, народната поддршка што ја има коалицијата.

Албанската коалиција на опозициските партии најави дека централниот митинг сепак ќе го одржат  денеска во Скопје, но на Плоштадот Скендербег.