Интервју со Томислав Трајковски, физиотерапевт: Масажата не е луксуз, таа е здравје – личен  избор е каде ќе се прави масажа! 

Во текот на зимскиот период се зголемуваат и болките, а човечкото тело станува подложно на повреди. За третманот на болките и повредите и за тоа колку масажата е важна за одржување на целокупната благосостојба на телото разговараме со Томислав Трајковски, дипломиран физиотерапевт кој е сопственик на студиото за масажа „Допамин“  и повеќе од 10 години работи на оваа проблематика во нашата земја и во регионот.

Тој вели дека причината за зголемувањето на болките во текот на зимата, најчесто доаѓа од фактот дека во овој период голем број од луѓето страдаат од преладување, вироза или грип и со тоа доаѓа и до пад на имунитетот. Истовремено овој период помалку сме изложени на светлина што доведува до пад на Сератонинот и Допаминот.

„Недоволното движење во овој период од годината, придонесува и до стегање на лигаментите и ткивата, а масажата е иделно решение за превенција на сите проблеми, болки и состојби“, објаснува Трајковски.

Тој нагласува дека нема конкретно правило за тоа кои групи најчесто страдаат од овој тип на болки и потенцира дека најмногу на удар се хронично болните и оние кои имаат седечки професии, како тие во канцеларија или пред компјутер, потоа возачите, фризерите и кај сите овие професии се јавуваат калцификати, вкочанетост и вратна спондилоза, додека пак спортистите и лицата кои се занимаваат со бодибилдинг најчесто имаат проблем со долниот, односно лумбален дел.

Трајковски е сопственик на центарот за физикална масажа и терапија „Допамин“, каде третираат секаков вид проблеми и тоа е местото каде многу луѓе со брз и динамичен начин на живот го бараат најефикасниот начин да се опуштат и истовремено да ги избегнат „модерните“ болести на денешницата.

Тој вели дека професионалноста на физиотерапевтите во „Допамин“ е висока, а со тоа и успешноста во решавањето на здравствените проблеми, притоа додава дека масажата не е луксуз, таа е потреба, но и неопходност.

Мотото во неговата работа е „Вие избирате каде се масирате и рехабилитирате“.

Томислав објаснува и за „вендузите“ и спортската масажа како ефективните техники за подобрување на атлетските перформанси, но и за рехабилитација.

„Вклучувањето на овие модалитети во вашата рутина може да помогне да ги достигнете целите и да го постигнете најдоброто, без разлика на тоа дали сте професионален спортист или станува збор за редовно одржување на телото. Кога овие модалитети се користат заедно, тие без разлика на спортот и нивото, може да обезбедат различни предности.“, објаснува Трајковски.

На крајот за ефикасно себеодржување и превенирање на повредите и болките во телото тој пред се советува здрава исхрана, редовно вежбање, пешачење и добар сон.

„Препознавањето на типот на болката и нејзиното соодветно третирање е важно за одржување на доброто здравје“, завршува Трајковски во разговорот со Скопје Инфо.