Инцидент во Аеродром: Направиле сообраќајка, па се истепале меѓу себе

Министерството за внатрешни работи информираше дека ноќеска во 00.30 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, по претходно недоразбирања во сообраќајот, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка.

- Физичката пресметка се случила помеѓу Ј.К.(19), А.М.(19), Б.М.(18) од една страна и А.П.(33) од друга страна, сите од Скопје, информираат од полицијата. 

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.