И вечерва ќе има музика на плоштад „Македонија“ - еве кој настапува

Празничната приказна во центарот на Скопје продолжува и денеска.

За вечерва е најавена програма за сите генерации на плоштадот Македонија! 

Најпрвин настап ќе има Театарот за деца и младинци кои ќе се претстават со претставата за деца „Исполнета желба“, потоа настапуваат Теа Трајковска, Антонија Гиговска и групата Дупер. 

Организаторите повторно упатија отворена покана за празнично дружење со музика во срцето на Скопје, токму во новата 2024 година!