И вчера имало каснувања од улични кучиња во Скопје, три пријави до полицијата

И во текот на вчерашниот ден до полицијата стигнале пријави за каснувања од улични кучиња во Скопје. 

На 15.04.2024 во 09.30 часот во Полициската станица Карпош, В.Ј.(50) од Скопје пријавила дека во дворно место на ул.„Демир Трајко“ во Скопје била касната од куче со сопственик.

На 15.04.2024 во 14.00 часот во Полициската станица Кисела Вода, М.М.(44) од Скопје пријавила дека на ул.„474“ во Скопје била касната од куче скитник.

На 15.04.2024 во 18.23 часот во Полициската станица Гази Баба, Д.Г.(29) од Скопје пријавил дека на ул.„Финска“ во Скопје бил каснат од куче скитник.