И оваа година сите деца од соседството дојдоа на коледе, ги немаше само нашите внуци

Периодот околу новогодишните и бижикните празници е еден од најубавите за многу луѓе. Период во кој владее една позитивна атмосфера. Се оди на госи кај најблиските, посакувајќи им среќа, здравје и бериќет.

И за семејството Андоновски беше Божиќ, но како што велат тие поразличен од претходните години. Вера и Гоце се е од Стајковци. Гоце е пензионер веќе две години, а Вера има уште една година работа. Тие имаат двајца синови, кои минатат година заминале во Германија со своите семејства.

-Сите деца од соседството на 6 јануари наутро дојдоа на коледе, за да ни го најават Христовото раѓање. Можеби имаше над 20 деца тоа утро, но ги немаше оние најмилите. Ги немаше нашите внуци. Иако дечињата ни го развеселија дворот, сепак имаше тага во нашите срца, вака ја почнува својата приказна дедо Гоце.

Тој вели дека судбината ги натерала неговите синови да заминат во странство. Во Македонија едвај имале за преживување од месец до месец.

-Знам дека не треба да бидам тажен, бидејќи знам дека сега таму имаат многу повеќе, но дома ни недостасуваат насмеаните лица на внуците, ни недостасува детската бука секој ден, вели тој.

За оваа семејство, ова е прв Божиќ да се без децата.

-Залудно ни беше што ни дојдоа гости. Што масата беше исполнета со јадење и пиење, кога срцето не беше исполнето, додава тој.

Гоце е во пензија, а Вера се уште работи. Велат домот е таму каде што се децата.

-И ние ќе си заминете. Што ќе правиме тука без нив. Барем ќе си ги чуваме таму внуците, без да плаќаат на дадилки. Ќе ги водиме и ќе ги чекаме од училиште. Нема да жалам тука за ништо, а сега само жалам за нив, вели дедо Гоце.

Слична судбина како овие луѓе имаат многу семејства во Македонија. Многу домови за празницте останаа празни.

cheap nike air max 90