Пола Скопје е болно, стотици деца се во болница, а вам ви дошло до палење огнови

Утре е Бадник, а според традицијата се палат коледарски огнови во секое маало, меѓутоа годинава има огромно аерозагадување и поради тоа еко-активистите, но и останати лица повикаа да не се палат огновите.

Поради загадениот воздух голем број од жителите на Скопје се болни, а една корисничка на Твитер реагираше бурно поради коледарските огнови.

- Сериозно ќе палите огнови? Сериозно? Пола Скопје е болно, стотици деца во болница, а вам ви дојде до држење та**ци околу оган, пишува „Lady Godiva“.