Во 21 часот и 46 минути во полиција било пријавено дека во Скопје на улицата „Благоја Стефковски“, од непознати причини било опожарено возило „Опел Корса“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на 23-годишниот С.С.П. од Скопје.
Со пожарот било зафатено задното десно тркало и дел од внатрешноста на возилото.
Увид ќе се врши во текот на денешниот ден.