Д-р Лазаров за падот на наталитетот годинава: Општеството ни е неодржливо!

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во второто тримесечје од 2022 година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 6.5% и изнесува 4 379. 

Оваа информација која вчера беше објавена во медиумите ја прокоментира и познатиот доктор Ненад Лазаров. 

-6.5% пад на наталитет од истиот период лани, трендот на континуирано намалување на бројот новородени продолжува во низа со години. Општеството ни е неодржливо. Децата се нашето најголемо богатство и основ, колку и што градиме и оставаме за нив?- констатираше тој на својот фејсбук профил. 

Д-р Лазаров и претходно говореше на оваа тема кога порача дека нема ништо без луѓе.

-Наталитетот треба да се зголеми, деца да се раѓаат повеќе, така се зачувува идентитет, никако другачие! Створете услови за тоа, се друго е небитно, нема јазик, нема идентитет, нема ништо без луѓе. Само дневна политика, порача докторот пред неколку месеци.