(ФОТО) Тепачка во сообраќаен хаос утринава во центарот на Скопје

Утринава изби тепачка помеѓу таксист кој превезувал патничка и возач со дете на булеварот Митрополит Теододсиј Гологанов во центарот на Скопје, пренесува порталот Фактор. 

До тепачката помеѓу таксистот и родителот дојде најверојатно по пресекување на патот во сообраќајниот хаос кој рано изутрина е секојдневен декор во овој дел од градот.

Двете лица претходно си дофрлуваа погрдни зборови и пцовки, а физичката пресметка заврши со кршење на ветробрановото стакло на такси-возилото. 

Фото: Фактор