Фото: Почна изградбата на новиот плоштад и парк во Бутел

Во дворот на основното училиште „Живко Брајковски“ на местото на разрушениот и пропаднат објект започна со изградба новиот рекреативен центар со нов плоштад, нов парк и детски содржини.

- На 2.000 м2 ќе се протега новиот парк а новиот плоштад на 500 м2. Покрај тоа новиот рекреативен комплекс ќе содржи и ново детско катче за најмладите, нова пешачка патека која ќе го поврзува плоштадот со училиштето, зеленило и ново осветлување, информира градоначалникот Дарко Костовски.

За прв пат ќе се изгради и амфитеатар кој ќе можат граѓаните да го користат, но и сите ученици за разни манифестации.