Финансиската полиција во понеделник влегува во Град Скопје

Најавите на финансиската полиција се остварија. Во понеделник тие влегуваат во Град Скопје во врска со набавката за новогодишното украсување на главниот град. Ова доаѓа откако градоначалничката Арсовска самата кажа дека за оваа година Скопје ќе биде накитено за 30 илјади евра.

Но она што остави сомнеж е начинот на кој е направено тоа. После прозивките од медиумите и јавноста Арсовска испрати реакција каде што посочи дека тоа е направено преку јавен повик. Но таков повик нема никаде на официјалната страна на Град Скопје.

- “Ова неколкупати досега е кажано, образложено во детали и транспарентно презентирано на јавноста. Оттука, секоја друга останата „вест“ е обид за манипулација, сензационализам и шпекулации“, пишаа во реакцијата од Град Скопје