Две лица физички нападнале 28-годишен маж, ова се деталите

Вчера, дваесет и осумгодишен маж од Скопје бил физички нападнат од две лица.

Според извештајот на МВР, претходно Р.Н.(28) од Скопје имал недоразбирање во сообраќајот со нив, по што тие физички го нападнале на паркинг простор во трговски центар на подрачјето на Гази Баба.

Од МВР информираат дека се работи на расчистување на случајот.