Двајца 79-годишници и уште едно лице физички се пресметувале во Кисела Вода

Физички се пресметале тројца повозрасни скопјани во Кисела Вода. 

- На 03.03.2024 во 14.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу З.Н.(79) и Т.Н.(79), од една страна и Л.Ш.(64) од друга страна, сите од Скопје, соопшти полицијата. 

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.