Двајца полицајци искасани од кучиња во Кисела Вода

Двајца полицајци кои биле на должност во скопска Кисела Вода биле нападнати од кучиња во сопственост на скопјанец. 

На 14.03.2024 во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода, двајца полициски службеници, додека извршувале службени задачи, биле нападнати и каснати од неколку кучиња сопственост на М.Г.(54) од Скопје, за кој претходно било пријавено дека во дворот на небезбеден начин ги чувал кучињата, соопштија од полицијата. 

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.