Драган Спасов Дац во пијана состојба удрил девојка

Директорот на МНТ, Драган Спасов Дац вечерва со својот автомобил удрил во девојка кај „Шампионче“ во Кисела Вода. Според информациите тој управувал со своето моторно возило со 2,5 промили алкохол во крвта, а девојката преминувала на пешачки премин.

Повредена веднаш била префрлена во болница, каде и биле констатирани лесни повреди, по што е пуштена на домашно лекување.

На местото на настанот се врши увид од страна на полициски екипи.