Доктор Беќаровски за НАТО-бомбардирањето во Белград: Осиромашен ураниум и зголемен број на малигно болни

Соседна Србија се сеќава на бомбандирањето на НАТО во Белград, акција во 1999.година во која загинаа над 3500 граѓани, од кои 2500 цивили и над 1000 претставници на Полицијата и Армијата. Ранети беа повеќе од 13000 граѓани.

Употребата на куршуми со осиромашен ураниум и друго забрането оружје претставуваше долгорочна опасност за луѓето и животната средина, чии последици и денеска се чувствуваат во целиот регион.

И доктор Нико Беќаровски, токсиколог, со став за таканаречениот „осиромашен" ураниум.

- На денешен ден пред 25 години во 19.45 минути започна 78 дневното континуирано бомбардирањето на територијата на СР Југославија. Во текот на ова сурово и безмилосно бомбардирање беа исфрлени илјадници тони бомби "збогатени" со "осиромашен ураниум". И по четврт век инциденцата на малигни заболувања во трите нови земји директно бомбардирани (Србија, Црна Гора, Косово), но и во соседните држави меѓу кои и Македонија е далеку повисока од останатиот дел на европскиот континент. Коинциденција, или ...- напиша тој во објава на својот фејсбук профил.