Д-р Трајковски: Ние како пациенти многу често го експлоатираме здравството

Доктор Бојан Трајковски од Скопје смета дека чести се и случаите кога пациентите ги злоупотребуваат медицинските услуги, а тоа го чини сериозни трошоци Фондот за здравство. 

- Факт е дека здравствениот систем ни е далеку од добар и дека се потребни значително многу реформи, но факт е и дека ние како пациенти многу често го експлоатираме тоа што ни е лесно достапно. Крвните слики, ренген снимките, специјалистичките прегледи самоиницијативно договорени се еден од таквите примери каде речиси постојано гледаме да ја искористиме достапноста која ја имаме до услугата, пишува тој во објава на својот фејсбук профил. 

- Ако сакаме подобрување на услугите мораме да сме самокритични и рационални во овој тип навидум банални, а сепак за фондот сериозно големи трошкови! - е неговата порака.