Нов бран на коронавирус во Косово: Еден починат и 67 заболени, дали Ковид-19 „демне” и над Македонија?!

Националниот институт за јавно здравство на Косово (ИКШПК) објави денеска дека во изминатите две недели, односно од 30 август до 12 септември, во земјета се регистрирани еден смртен случај и 67 заболени од Ковид-19.

Според податоците на  ИКШПК, најмногу позитивни на вирусот резултирале од возрасната група меѓу 50 и 59 години (16 случаи) и од 60 до 69 години (15 случаи), додека просечната старост на новозаболените е 52 години.