Црна Гора со најнизок минималец, а Македонија меѓу земјите со најниска просечна плата во регионот

Црна Гора останува со најниска минимална плата во регионот. Нивните работници добиваат минималец од 193 евра.

Синдикатите ќе бараат тој да се зголеми на 250 евра. Платата од 193 евра е утврдена уште во 2013 година.

Србија, БиХ, Македонија и Косово имаат повисок минималец, иако просечната плата е пониска кај нив. 80.000 луѓе во Црна Гора земаат плати до 250 евра, а 36.639 земаат помалку од минималец од 193 евра.