Вредноста на платата е помала, не се за фалење повисоките бројки, вели екс-директорка на УЈП

Екс-директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Анастасија Илиеска вели дека не се за фалење повисоките бројки на нето и бруто платите бидејќи вредноста на платата е помала.

- Суштината е во зголемена вредност на плата, а не во зголемен номинален износ. Исплатена месечна нето-плата во Македонија за месец април 2023 година била 36.134 денари (ДЗР).

Индексот на просечната месечна исплатена плата за периодот јануари - април 2023 година во споредба со истиот период од 2022 година има зголемување од 113,3%.

Индексот на реалната плата за периодот јануари - април 2023 во споредба со јануари - април 2022 година е 98,3%. Ако тоа не можете да го забележите од статистичките податоци, тогаш прашајте ги граѓаните, вели Илиеска.