Покачувањето на платите не е доволно, синдикатите бараат идната Влада во првите 100 дена да направи уште една корекција

Покачувањето на минималната плата не е доволно велат од Синдикатите и бараат од идната влада во првите 100 дена да направат уште една корекција на минималецот кој изнесува 22.500 денари.

Според, податоците со кои располагаат синдикатите минималната плата во земјава е една од најниската  во регионот. Помал износ се исплаќа само во Босна и Херцеговина.

Велат платите растат но залудно. Анализите на ССМ покажаа и нов рекорд на минималната потрошувачка кошница. За еден месец трошоците скокнаа за над 1500 денари.  На едно четиричлено семејство  за да го истурка месецот му се потреби речиси 1.000 евра. Најголем скок на цените е забележан кај храната.

Одлуката за новото зголемување на минималната плата се уште не е влезена во  Службен весник. Од ССМ очекуваат тоа да се случи најдоцна до понеделник, а по објавата вработените во јавниот сектор  на мартовската плата да добијат плус 2400 денари.  Од ССМ уште еднаш предупредија – ако некој се обиде да ги изигра овие вработени со заобиколување на законите, ќе се гонат кривично.

Синдикатите ги повикаа и работниците од приватниот сектор да им се приклучат на протестот за први мај.