Просечната нето плата во јануари 39 542 денари, зголемена е за 16.5 отсто

Државниот завод за статистика објави дека просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јануари  годинава  изнесува 39 542 денари и во однос на јануари лани е зголемена за 16,5 проценти

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (27,8 проценти), Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (19,2 проценти) и Земјоделство, шумарство и рибарство (19,1 процент).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Градежништво (10,9 проценти), Преработувачка индустрија (4,9 проценти) и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (3,8 проценти).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во јануари годинава изнесува 59 392 денари.