Центар се сели во старото матично

Дел од општинската администрација на Центар ќе се пресели во бараките во кои до неодамна беше сместена матичната служба.

Од Центар велат дека Службата е преселена и е доставено писмено барање за користење на бараките.

„Чекаме позитивен одговор. Очекуваме процедурата да заврши по изборите. Планирано е дел од бараките, на пример, салата во која се склопуваа браковите, да се користи за одржување седници на општинскиот Совет. Ќе треба да се вложи во бараките, со оглед на тоа дека се дотраени, додаваат од Центар.

Оттаму велат дека дополнителниот простор ќе им биде добредојден и колку толку ќе се растоварат сегашните канцеларии.

Матичната служба од таму е преселена без малку пред една година. Бракови сега се склучуваат во портата „Македонија“ и во Музејот на ВМРО.