„Бетмен Велит“: Сопиште на +40 без вода повеќе од 24 часа

Вчера дел од Сопиште поголем дел од денот беше без вода. 

За ова, со оглед дека надвор е пеколно топло, реагираше Богдан Илиевски, познатиот водител и инфлуенсер, кој инаку живее во овој дел од Скопје. 

- На 40+ степени во згради со половина станови во кои има минимум едно дете до 5-6 години, повеќе од 24 часа немаме вода. Имало дефект, сабајле се зафатиле со работа, во 14 часот го санирале и... напиша тој вечера на својот фејсбук профил реагирајќи дека на сите јавувања да се пожалат добиле одговор да поднесат поплака до архива. 

„Бетмен велит“ во својата објава вели дека вода немало се до нешто по 21 часот кога тој објави ироничен статус на темата: 

 - Драги пријатели, би сакал да ве поканам на ултра голема веселба во нашиот дом! На епохален момент! На неизмерна среќа! Голема радост! Неописливо чувство! ДОЈДЕ ВОДА! Ако некој знае луѓе кои прават огномет, како и бендови кои би биле спремни да дојдат во моментов и да засвират, да прославиме како што доликува, пишете ми. Уште еднаш да потенцирам, ваков голем себап заслужува внимание. Насловна страна. Ударни вести утре! Вода, слатка вода! - напиша тој во свој стил!