Автобус на ЈСП се заглави во снегот - отежнат соораќајот и во скопско

Во селото Горно Соње, Општина Сопиште, блокиран е автобус на ЈСП со број „58“ и има отежнато движење на сообраќајот, информираат од Центарот за управување со кризи.

„Регионалниот ЦУК Скопје, известува дека од операторот на ЈСП е добиена информација дека во село Горно Соње, Општина Сопиште, е блокиран автобус на ЈСП со број 58 и има отежнато движење на сообраќајот“, наведено е во соопштението.

За настаната состојба, од ЦУК, се известени ЈП „Улици и патишта“ и во Општина Сопиште.