Арсовска со реакција по повод иницијативата за смена на градоначалници

Во текот на вчерашниот ден ЛДП излезе со иницијатива измени на Законот за локална самоуправа и собирање на потписи за референдум за отповикување на градоначалници. Според нив ова што се случува во главниот град е знак дека треба да има механизам отповикување на градоначалниците.

Според нив главен мотив е лошото менаџирање на Скопје од страна на градоначалничката Арсовска.

- “Со длабоко разочарување и загриженост ја гледам сегашната состојба во нашиот главен град. Паметам поубаво Скопје, град на светлина, култура и зеленило, а не град кој сега е завиен во темнина и се гуши во смет. Се чини дека сегашните локални власти се оддалечиле од основните потреби и желби на своите граѓани. Некогаш, Законот за локална самоуправа од 1996 година оставал законска можност за граѓаните активно да учествуваат во одлуките кои ги засегаат нивните животи, вклучително и механизмот за отповикување на градоначалниците. За жал оваа круцијална одредба во Законот за локалната самоуправа од 2002 година беше избришана и од тогаш па до денес, граѓаните се лишени од законска можност да покренат постапка за отповикување на градоначалници“, рече претседателката Зајкова.

Реакција стигна и од Аросовска. За Телма таа изјави дека ова е крајно несериозна иницијативата и нема да коментира иницијативи од сателит партии.

- „Несериозно е да коментирам изјави на сателит партии, особено на партија од чии редови произлегуваат кадри кои никој не ги препознава во политиката, па на овој начин се обидуваат да се профилираат. Иницијативата е крајно несериозна и укажува на основни непознавања од страна на пратеник, кој би требало да знае дека, законите немаат ретроактивна примена, а кога веќе измислуваат иницијативи, нека ги покренат и за пајтон пратениците кои менуваат дрес согласно моменталните прилики од лукративна природа.„ реагира Арсовска.