Арсовска Осми март го прослави со хуманите жени од Црвен крст

Во организација на Црвениот крст на град Скопје, градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска вчера учествуваше во одбележувањето на Меѓународниот ден на жената, настан на кој ја раскажаа својата приказна, за хуманоста, за мотивацијата да се помогне, приказната за жени кои своето време и компетенции ги ставаат во функција на грижа и помош во општеството и секој ден прават вистинска разлика во животот на оние на кои им е најмногу потребна таа грижа.

-Достоинствени, храбри, исполнети со љубов и ведрина, со Вашата посветеност, работа за подобро утре, за напредок, за еднакви можности секој ден од годината, го правите нашиот град поубав, им порача Арсовска на жените во осмомартовската честитка.